ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ гостувала во интервју за BuzzFeed, а и се придружиле и нејзините колеги од Shotgun Wedding, Џош Духамел и Џенифер Кулиџ.
На прашањето кој најверојатно ќе направи „вратоломии“ при нивниот прв обид на снимање, Лопез рекла дека таа и Духамел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа споделила како за малку ќе загинела снимајќи една сцена.
„Освен еднаш кога за малку ќе паднав од карпа. Тоа не беше забавно“, започнала Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, кој ја прашал дали е вистина.
View this post on Instagram
„Да, вистина е. Ја знаете сцената кога мојот фустан се фаќа за тркалото? Еднаш се закачи за воланот и ме повлече, а јас го погледнав Џош и му реков: ‘Џош, не ме пушај, те молам’. Тој и рекол: ‘Те држам. Ако ти отидеш, сите ќе одиме“, раскажала актерката и додала дека тој момент бил застрашувачки за неа.
View this post on Instagram
Лопез моментално го снима новиот филм The Mother во Лос Анџелес. Филмот е во режија на Ники Каро, која претходно го режираше познатиот филм „Whale Rider“ од 2002 година и „Мулан“ на Дизни од 2020 година. Во филмот, Лопез ја игра улогата на поранешен атентатор кој сака да го остави своето минато зад себе. Меѓутоа, таа се вратила на работа за да ја заштити својата отуѓена ќерка.
Фото: Принтскрин/Instagram