(ФОТО) Кралицата конечно се сетила дека има уште една внука: Дали во последен момент е избегнат голем скандал на британскиот двор?

ЛИЛБЕТ Дајана, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, е родена на 4. јуни, а веста за нејзиното раѓање ја објавија нејзините родители на нивната официјална веб-страница.
Сепак, нејзиното име беше објавено на веб-страницата на кралското семејство дури денес, седум недели по нејзиното раѓање, пренесува „Стандард“.
Нејзиното име е додадено на официјалната листа поврзана со наследната линија, а се наоѓа и на споменатата страница. Таа е осма на оваа листа, веднаш под нејзиниот брат Арчи.


За овој пропуст со недели се дебатира во Велика Британија, бидејќи веста за раѓањето на братучедите на Лилибет, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луис, како и нејзиниот брат Арчи, беа објавени на веб-страницата на кралското семејство непосредно по нивното раѓање.
На оваа тема за „Експрес“ зборуваше Даниела Елсер, експерт за прашања од кралското семејство.
– Овој пропуст поврзан со Лилибет може да предизвика нов „земјотрес“ во кралското семејство – рече таа на почетокот на овој месец.

Дел од британската јавност смета дека тоа не е случајна грешка, туку пресметан потег поради тензиите во кралското семејство кои не стивнуваат.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …