(ВИДЕО) Игор Ангеловски – Мрме: Да бидеме професионалци, секој во својата област! Да и веруваме на науката и медицината!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски –Мрме под чие водство националниот дрес за прв пат заигра на Европското првенство 2021, ја поддржа националната кампања за вакцинација.
Меѓу другото, селекторот порача дека треба да и’ веруваме на науката и медицината, и дека тој лично се вакцинирал поради своето семејство и својот фудбалски тим, но и поради навивачите на македонската фудбалска репрезентација.


Минатата недела беше објавено видео во кое Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ – ДејвидГир, професорот д-р. Никола Пановски, актерките Лабина Митевска и АмернисНокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од Ковид19.
Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора,Витаминка, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …