(ФОТО) КРАЈ НА ЉУБОВТА – Рис Витерспун открива дека се разведува по 11 години брак: „Овие работи никогаш не се лесни“

Рис Витерспун и нејзиниот сопруг Џим Тот се разведуваат. Двојката ја објави веста на Инстаграм во петокот, само неколку дена пред 12-годишнината од бракот.
„Имаме некои лични вести да споделиме… Со големо внимание и обзири ја донесовме тешката одлука да се разведеме“, велат тие во изјавата, „Уживавме во толку прекрасни години заедно и продолжуваме напред со длабока љубов, добрина и взаемна почит за сето она што го создадовме заедно“.

„Наш најголем приоритет е нашиот син и целото наше семејство додека се движиме во следното поглавје“, додаваат тие.
„Овие работи никогаш не се лесни и се исклучително лични. Навистина го цениме почитувањето на сите за приватноста на нашето семејство во овој момент“, заклучиле тие.


Витерспун и Тот се венчаа во 2011 година. Заедно го имаат синот, 10-годишниот Тенеси, а во неделата се наближувала 12-годишнината од бракот.
Извор изјавил за списанието People дека тие остануваат „најдобри пријатели“ додека минуваат низ „спогодбен развод“.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)


„Ова е толку пријателска одлука“, рекол изворот, „Тие се толку посветени на заедничкото родителство. Тие се посветени на целото свое семејство и го прават тоа што е можно полесно за сите“.
Витерспун има и две деца со поранешниот сопруг Рајан Филип – ќерката Ава (23) и синот Дикон (19).

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес почнува Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со …