Во Њујорк започна судењето на Доналд Трамп, а се чини дека поранешниот американски претседател има проблеми и во бракот.
Трамп се соочува со 34 обвиненија за измама поврзани со тајни пари кои наводно ги платил за да ги прикрие вонбрачните афери и е обвинет дека и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нејзината врска со него пред неговата претседателска кандидатура во 2016 година. Нивната наводна афера се случила за време на претседателската кампања во 2016 година, додека неговата сопруга Меланија Трамп била бремена.
View this post on Instagram
Иако на почетокот извор близок до семејството изјави дека Меланија била со сопругот, се чини дека сопружниците живеат сосема одвоено. Извори за Mirror велат дека Доналд и Меланија живеат одвоено и се верува дека би можеле да се разведат, а за сето тоа придонесува и фактот што Меланија јавно не го поддржувала сопругот додека тој бил на судење.
„Нивните патишта едвај се вкрстуваат. Меланија не се разликува од која било друга жена. Обвинувањата на нејзиниот сопругот дека ја изневерил не само еднаш, туку двапати е крајно вознемирувачко“, изјавил изворот за странските медиуми.
View this post on Instagram
Трамп во понеделникот полета за Њујорк, додека неговата сопруга наводно не била во авионот со него. На местото на Меланија, на поранешниот претседател му се придружија низа соработници во кампањата, вклучително и неговиот син Ерик Трамп, долгогодишниот помошник за комуникации Џејсон Мулер, поранешниот помошник во Белата куќа Ден Скавин и Борис Епштајн, кој беше во тимот адвокати кои го започнаа лажниот правен обид за поништување на резултатите од 2020 година.
Трамп и Меланија, наводно, дури и живеат одвоено, а извештаите сугерираат дека Меланија живее во Мар-а-Лаго, каде што е фокусирана на одгледување на нивниот 17-годишен син Барон.
Фото: Архива