(ФОТО) Во пеколот на порокот? Поради опасна опсесија Хари Варешановиќ наводно МНОГУ ИЗГУБИЛ, а негирал дека има проблем

Сите се надеваат дека ова не е вистина
Хајрудин Варешановиќ (62), фронтменот на легендарниот босански бенд „Хари Мата Хари“, со години негирал дека има проблем со коцкањето и покрај тоа што медиумите пишуваа дека оваа форма на забава станала опасна зависност за пејачот.

This image has an empty alt attribute; its file name is hari-varesanovic.jpg
Според новите информации од извор кој инсистира на анонимност, зависноста го одвела Хари до дното – сиромаштијата.
Како што изјавил изворот за медиумите, рекреативното коцкање на Хари Варешановиќ се претворило во опасна зависност, на која тој најмногу се препуштал кога пандемијата била во својот врв. Во тој период казиното станало негов нов дом, а со оглед на тоа што концертите биле забранети, Хари имал многу слободно време. Сега, како што се тврди, рулетот станал негова секојдневна рутина, што довело до катастрофални загуби.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by Hari Mata Hari – koncerti (@harimatahari.koncerti)


‒ Хари се коцка со години и тоа го знаат сите негови блиски. Почнал како забава и некако рекреативно, но со текот на времето станал сериозен зависник. Се зголемувал влогот, но и добивката, но во последно време среќата не му беше наклонета, па изгуби се што некогаш освоил на коцката, но и заработил од пеењето. Се зборува дека тој го прокоцкал огромниот недвижен имот што го стекнувал со години и дека стигнал до фаза да позајмува пари и да зема заеми за да се ослободи од долгови – тврди изворот, пренесува Hello.


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Hari Mata Hari – koncerti (@harimatahari.koncerti)

Приказните дека Хари Мата Хари е склон кон коцкање не се новост ниту во босанските медиуми. Одредени портали пишувале за ова уште во 2016 година, но пејачот тогаш ги демантирал тие наводи, посочувајќи дека успехот секогаш бил оспоруван и дека никогаш не си простил. Неговите пријатели тогаш застанале во негова одбрана и му посочиле дека коцкањето не е негов порок туку забава.
– Што е чудно во тоа, човек заработува и има право да се забавува. Ако остави толку пари во казина, немаше да биде тоа што е денес. Знае каде и како да вложи пари, ова го покажува неговиот успех во бизнисот со кој се занимава – изјавиле тогаш неговите блиски соработници.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …