(ФОТО) Клои Кардашијан чека второ дете кое ќе го роди сурогат мајка – не луѓето не им се верува кој е таткото!

Обожавателите на кланот Кардашијан Џенер беа шокирани во средата кога TMZ објави дека Клои Кардашијан го очекува своето второ дете со поранешниот партнер Тристан Томпсон, кое ќе го роди сурогат мајка. Имено, Томпсон повеќе пати ја изневерувал Клои додека биле во врска, па дури станал и татко со една од неговите љубовници.


Турбулентната врска на овој пар трае од 2016. година
Турбулентната врска на овој пар трае од 2016. година, а во тој период неколку пати раскинуваа и се смируваа. Тристан и Клои Кардашијан ја имаат четиригодишната ќерка Тру, а покрај неа, кошаркарот има уште два сина, петгодишниот Принс, кој го доби со манекенката Џордан Крег и шестмесечниот Тео, кој го добил со фитнес моделот Марали Николс.

This image has an empty alt attribute; its file name is kloi-kardasian-surogat.jpg


Виден како влегува во хотелската соба на непозната жена
Клои и Томпсон прв пат објавија во јавноста дека заедно биле на одмор во Мексико во 2016. година. Во септември 2017. година беше откриено дека Клои го чека своето прво дете со славниот кошаркар. Само неколку дена пред да ја роди ќерката Тру, медиумите објавија фотографии и видео од Тристан како се бакнува со друга жена.

По тој инцидент, тој во неколку наврати бил виден како влегува во хотелска соба на друга жена. По породувањето, на кое присуствувал и кошаркарот, Клои решила да му го прости неверството на Тристан и ја извести јавноста дека нема да дојде до раскинување и дека заедно ќе го одгледуваат детето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …