Пејачката Кети Пери во март годинава објави дека е бремена со актерот Орландо Блум. Таа на фановите тоа им го соопшти со новата песна „Never Worn White“ каде на последната сцена позираше во полушроѕирен фустан со рацете на стомакот.
Во текстот на песната, пејачката се обратила до својот свршеник на кого му признала дека навистина сака да се омажи за него, а многумина се прашувале зошто ја пеела „Never Worn White“ кога се омажила за Расел Бренд пред 10. години. Но, тогаш таа носела сива венчаница.
Еден месец откако ја сподели среќната вест, пејачката одлучила да го открие полот на своето прво дете на својот профил на Инстаграм, а тоа го сторила на многу интересен начин.
Имено, таа го размачка лицето на Орландо Блум со розовашлаг и на тој начин посочи дека тие очекуваат мало девојче.
Неодамна раскажала дека нејзините хормони беснеат во последно време. „Има добри денови и има тешки денови кога ќе ги погледнам нозете на прстите и ќе почнам да плачам или плачам додека правам нешто сосема банално. Мислам дека тоа е најмногу заради хормоните и не сум навикната да бидам затворена во затворен простор со голем број на луѓе. Ми се допаѓа да бидам надвор од куќата “, рекла пејачката.
Друга вест што ги воодушеви обожавателите е онаа поврзана со изборот на кумата за неродената ќерка. Имено, пејачката оваа чест и ја подари на популарната актерка Џенифер Анистон, со која со години е на одлични пријателски односи, иако многумина тоа не го знаеле.
Сега папараците ја фотографирале, по прв пат, додека таа уживала на плажа во Малибу, а во последните месеци од бременоста носи едноделен розов костум..