Гледачи на украинската телевизија TCH доживеа неочекувана претстава кога водителката Маричка Падалко изгубила заб среде извештај во живо.
Камерата, се разбира, снимила сè, а видеото брзо започнало да се споделува на социјалните медиуми. Она што го привлекло вниманието на многумина не бил само фактот дека нејзиниот заб испаднал, туку нејзината мирна реакција.
Маричка, не престанувајќи да зборува, го кренала забот со раката и продолжила како ништо да не се случило.
Таа самата го споделило видеото на Инстаграм и објаснила како се случило да и испадне забот.
“Нова слава стаса од никаде. Да, јас навистина го изгубив предниот заб денес за време на преносот во живо. Ова е веројатно најинтересното искуство за 20. години пред камерата. Преносот во живо е прекрасно затоа што секогаш е непредвидливо”, напишала таа.
Таа, исто така, потсетила на ситуацијата што и се случила во 2013. година, кога, исто така, во пренос во живо, дознала дека нејзиниот сопруг е уапсен. Во таа прилика, тие објавиле снимка од нејзиниот сопруг во притвор.
“Една колешка ми напиша дека реагирав како да ги губам забите секој ден. Не, не ги губам секој ден, но само решив да корегирам проблем што ми се случи пред 10. години. Имав тежок метален часовник со аларм во мојата спална соба што навистина многу и се допаѓаше на ќерка ми.Таа го грабна и почна да мавта со него околу мојата глава, додека спиев. И кога се проѕевав, ми уништи половина од забите.Сега конечно се решив за порадикална поправка, но не бев доволно внимателна во врска со советите на забарот да не јадам на предните заби до крајот на третманот. Затоа и се случи тоа“, објаснила таа.