Кога првпат била поканета во Кан, таа не била свесна колку е важен настанот.
Ева Лонгорија и оваа година присуствува на Канскиот фестивал и докажа дека не треба да трошите многу пари за да изгледате фантастично.
Таа за магазинот „Пипл“ признала дека „немала поим што е Кан“ и дека во 2005. година носела фустан од само 40 долари (2.200 денари) што го купила на познатата авенија Мелроуз во Лос Анџелес:
„Помислив: ‘Ќе го носам ова, ова плетено злато, изгледа добро’. Никој не можеше да знае дека тоа е фустан од 40 долари“, рекла таа.
Исто така, новинарите потоа ја прашале чиј фустан носи, мислејќи на дизајнерите, а таа на шега одговорила:
“Што сакате да кажеш? Тоа е мое!”
Но, затоа Ева Лонгорија оваа година се појави во сосема друго светло и со скапа црна тоалета од тул која може да ја носи благодарение на нејзината стегната и вајана фогура.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram