Луна Таварес Фенер е родена со голема црна бенка на лицето во форма на пеперутка.
Родителите на ова девојче се плашеле дека нивната ќерка поради ова ќе биде жртва на насилство, па решиле да ја однесат на операција на бенки.
„Околу 80 отсто од луѓето кои доаѓаат кај мене со истата дијагноза велат дека биле малтретирани со години. Не сакам Луна да помине низ тоа. Кога ќе излеземе на улица, луѓето зјапаат и покажуваат со прст или доаѓаат за да ја погледнат одблизу. Тоа е ужас. Странци велеа дека е одвратна и дека нема да можам да се справам со тоа што еден ден ќе го минува на училиште“, рекла нејзината мајка.
View this post on Instagram
Таа наишла на негативни коментари на Инстаграм, каде многумина напишале дека Луна е чудовиште. Семејството собрало 69.700 долари и отпатувало во Русија на операција за отстранување бенки, бидејќи таква процедура не била достапна во САД.
Луна на крајот поминала низ шест операции, благодарение на кои бенката била речиси целосно отстранета. Станува збор за вроден меланоцитен невус кој зафаќа едно од 20.000 родени бебиња во светот, а може да биде канцероген.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram