(ВИДЕО) Повторно уапсена поранешна тинејџерска ѕвезда, се проценува нејзиното ментално здравје

Поранешната тинејџерска ѕвезда Аманда Бајнс повторно е уапсена од полицијата во Лос Анџелес. Се уште не се познати деталите за апсењето. Веќе подолго време е познато дека има проблеми со менталното здравје.
Докторите пристигнале во полициската станица и ќе проценат дали на Аманада и треба дополнително лекување. Сведоците за американските медиуми изјавиле дека таа била мирна во текот на нејзината интеракција со полицајците.
Ова е втор пат во последните неколку месеци Аманда да излезе во јавноста поради психички проблеми. Во март, таа беше видена како шета гола по улиците на Лос Анџелес, а потоа беше предадена во психијатриска установа.


Нејзината мајка Лин и татко Рик изјавиле дека се утешиле со фактот што таа сама сфатила дека е во лоша состојба и повикала полиција. Таа била под нивно старателство од 2013 до 2022 година. Не размислуваат за повторно старателство.
На Аманда претходно и било дијагностицирано биполарно растројство, а еден обожавател ја препознал и опишал каква била нивната интеракција.
„Се надевам дека ќе ја добие потребната помош. Беше љубезна кон мене. Ѝ дадов пари и разговаравме малку“, рекол тој.

Фото: Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …