Одморот на една американска туристка на Бахамите се претворил во кошмар кога ја изгубила ногата откако била дивјачки нападната од ајкула.
Имено, Хајди Ернст (73), пензионирана физиотерапевтка, била тешко повредена кога ајкула за малку ќе и ја одгризала ногата додека нуркала на Бахамите. Таа била нападната само еден месец откако го завршила своето 500-то нуркање.
Оваа жена била на место за нуркање познато како „Раскрсница на ајкула“ во близина на плажата Таино во Гранд Бахама. Хајди била на скалата и се качувала во чамецот кога ајкулата ја нападнала.
Ја грабнала за ногата и ја масакрирала. Ернст некако успеала да се ослободи од вилиците, а предаторот побегнал.
Штом се вратила на бродот, Хајди знаела дека ќе ја изгуби ногата.
– Насекаде имаше крв – изјавила за „Газет“ од болничкиот кревет во Мајами.
Таа продолжила: „Умирав. Крварев до смрт. Се плашев дека ќе умрам и имав многу болки“.
Потоа со хеликоптер била префрлена во траума центар во Мајами, каде лекарите биле принудени да и ја ампутираат ногата поради обемот на повредата и високиот ризик од инфекција.
Фото: Илустрација