12 вработени во исто одделение во американска болница забремениле во исто време

Медицинскиот центар Риверсајд во Вирџинија доживеа бејби бум откако 12 работнички на неонатална интензивна нега, една приправничка, 10 медицински сестри и една секретарка, останале во друга состојба. Две жени веќе се породиле во март и мај, а останатите ќе се породат до крајот на годината. Тие ќе имаат шест девојчиња и три момчиња, додека полот на трите бебиња се уште не е познат.
„Ова е најсимултаната бременост во историјата на вработените во нашата болница. Пет од нив се мајки за прв пат“, изјавил портпаролот на болницата за Today.


Работничките велат дека си помагаат и ускокнуваат ако некоја од нив има потреба од пауза или има преглед кај лекар. Си го чуваат грбот една на друга, а планираат да работат до крајот на бременоста.
Инаку, на одделот за неонатална интензивна нега во оваа болница работат 52 медицински сестри, па ретко работат 12-часовни смени, што би било тешко за трудниците.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ја прицврстил со ленти – Педро ја спасил својата куќа од ураган со необична идеја: Познато колку го чинело

Педро Касарес стана сензација на социјалните мрежи и се најде на насловните страници низ светот …