Овој необичен знак укажува дека детето може да има натпросечна интелигенција

ИАКО најверојатно никогаш нема да го признаат тоа, секој родител е среќен кога ќе слушне дека неговото дете е натпросечно или поуспешно во нешто од неговите врсници. Истото важи и за неговата интелигенција. Како што објаснуваат психолозите, понекогаш дури и најнеобичните знаци може да укажуваат на тоа дека детето може да биде натпросечно интелигентно.
Еден од тие знаци е кога детето сака да поминува време со возрасни. Имено, родителите често се загрижени кога ќе видат дека детето не сака да се дружи со своите врсници, а наместо тоа претпочита да поминува време со возрасни. Сепак, психолозите нагласуваат дека ова е еден од суптилните знаци дека детето всушност би можело да биде мал генијалец.

Други знаци кои откриваат интелигенција кај детето го вклучуваат следново:
– извонредна меморија
– интерес за читање
– необични хоби и интереси
– смисла за хумор
– силна емпатија кон другите.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез …