(ФОТО) Ја надминал дозволената брзина за 110 км/ч – одземено му е Ламборџини

Конфискацијата на возила е се’ почеста казна што ја користи полицијата во многу делови од светот. Последниот пример доаѓа од Канада. Тој е доста спектакуларен бидејќи станува збор за исклучително скап италијански автомобил.
Случајот го пријавила канадската полиција од Јорк. Ова е регион познат по својот рестриктивен пристап кон возачите кои ги прекршуваат правилата.
Ова на потешкиот начин го научил возачот на Lamborghini Aventador, кој возел дури 170 км/ч на место каде ограничувањето било 60 км/ч. Тоа е речиси три пати повеќе.
Полицијата немала милост. Ламборџинито завршило на шлепер кој скапиот автомобил го однел директно до полицискиот паркинг. Меѓутоа, возачот имал среќа, бидејќи не било одлучено ламборџинито трајно да се одземе, туку само на две недели.

Покрај тоа, на арогантниот возач му е изречена забрана за возење во траење од 30. дена. Има многу коментари дека казната е прелесна.
Сепак, сигурно ќе има и такви кои привременото одземање ќе го сметаат за претерување или ограничување на индивидуалната слобода.
Сепак, треба да се запомни дека ова е прилично вообичаен начин за борба против дивеењето на патиштата, кое во некои земји често може да заврши со трајно одземање на возилото.


Фото: Lamborghini

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …