(ФОТО) „Ја мразам, сонувам за денот кога ќе парадира гола“

Англискиот новинар Џереми Кларксон морал да се извини за колумната што ја напиша за „The Sun“ за Меган Маркл.
Колумната кренала голема прашина бидејќи Кларксон бил исклучително сликовит во опишувањето на омразата кон британската војвотка. Би-би-си пишува дека регулаторното тело Ипсо примило повеќе од 6.000 поплаки за контроверзниот текст. The Sun потоа ја избришало статијата.
„По објавувањето на твитот на Џереми Кларксон, тој побара од нас да ја отстраниме минатонеделната колумна“, велат тие.

This image has an empty alt attribute; its file name is megan-markl-kako-hostesa.jpg


„Сонувам за денот кога таа ќе парадира гола низ улиците“
Кларксон не ја криел омразата кон Меган Маркл, а делови од неговиот текст се навистина непријатни.
„Не можам да спијам навечер додека лежам во кревет, стискам заби и сонувам за денот кога ќе биде принудена да парадира гола низ улиците на секој британски град додека толпата вика „срам“ по неа и ја гаѓа“, напишал Кларксон. во статијата, осврнувајќи се на сцената од серијата Game of Thrones.
Во написот, тој исто така напишал дека ја мрази Меган Маркл повеќе од Роуз Вест, озлогласената англиска сериска жена убиец која мачела и убила многу млади жени, вклучително и нејзината поќерка, во текот на 70-тите и 80-тите години.
Водителот потоа се огласил на Твитер и се извинил.
„О Боже мој. Во една колумна што ја напишав за Меган, незгодно спомнав сцена од Game of Thrones и тоа не им се допадна на многу луѓе. Ми се гади што предизвикав толку голема болка и ќе бидам повнимателен во иднина“, напишал тој.
Дури и неговата ќерка Емили ја осудила неговата колумна.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …