(ФОТО) Сите гледаат и не трепнуваат: Моника никогаш не била поатрактивна, и велат дека е најубавата жена на сите времиња

Моника Белучи ја краси јануарската насловна страница на германскиот магазин „Мадам“ и навистина изгледа магично.
Познатата италијанска актерка е стилизирана за оваа корица така што е и привлечна и одмерена во исто време – проѕирната блуза е споена со црни панталони, а на нејзиното лице доминираше појака шминка.

Во коментарите ја пофалувале и многумина се согласиле дека таа е една од најубавите жени на светот досега.


Да потсетиме, Моника пред извесно време зборуваше за „Сандеј тајмс“ и во таа прилика истакна дека сака да остари на мирен начин: „Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини , никогаш премногу слаба, тоа е мојата природа. И сакам да остарам на мирен начин“, рекла таа.

„Кога имате 50 или 60 години, ги немате истите потреби како кога сте имале 20 години. Годините ни даваат поинаква перспектива“, објаснила таа.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …