МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР „АСИТЕЖ“

Со огромно задоволство и гордост Ве известуваме дека после долги години, конечно се формираше Националниот центар на детски театри АСИТЕЖ, што ќе биде дел од Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ ИНТЕРНАЦИОНАЛ. Организацијата опфаќа повеќе од 80 национални центри, чија примарна цел е афирмација, промоција, продукција на детски и младински проекти, како и интернационална соработка и вмрежувања.

               Иницијативата за формирање на Македонскиот национален центар „АСИТЕЖ“ е на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, заедно со „БАБЕЦ“ театар од Битола, кои до скоро беа едни од ретките директни индивидуални членови во асоцијацијата со право за формирање национален центар.  Целите на Македонскиот центар „АСИТЕЖ“ се да ја унапредат работата на сите субјекти кои приоритено се занимаваат со изведувачки уметности за деца и млади, да поттикнуваат запознавање и размена на искуства преку национални и меѓународни средби и фестивали, размена на искуства, учества на форуми, конгреси, конференции, работилници и други активности со цел афирмација и популаризација на детско-младинската театарска продукција.


               За претстадател во првите четири години на центарот е избрана актерката Јулијана Мирчевска, а како членови на Управниот и надзорниот одбор, а воедно и основачи се: Катарина Илиевска – Силјановска, директорка на Театарот за деца и младинци, Драгана Милошевска Попова, Игор Ивковиќ – режисери од истиот театар заедно со актерката Марија Ѓорѓијовска, актерот и режисер Васко Мавровски од „Бабец“ театарот од Битола, како икомпозиторот Миодраг Нечак и костимографот Благој Мицевски.

               Центарот е со седиште во Битола, а од многу скоро време ќе се формира и канцеларија во Скопје. Сите заинтересирани правни и физички лица кои активно делуваат во дејноста на сценските уметности за деца и млади се добредојдени да бидат дел од нашето семејство.


ТИМОТ НА
МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР „АСИТЕЖ“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …