(ВИДЕО) Александар Петрески ја претстави новогодишната песна „Снегулка“

Песните, не ни е познато зошто, ги делат на оние за деца и други за возрасни…Александар Петрески пак за неговата нова композиција вели „детска песна испеана од возрасни“…
Но, факт е дека „Снегулка“ е новогодишна песна испеана од Александар Петрески и Марија Цветановска – нова новогодишна детска песна, испеана од возрасни вокали.
„Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа волшебна бајка во невините детски очи. Сеуште во уши ми ѕвонат звуците од честитките…
Сето тоа, за кое можам уште многу да зборувам, накратко го опишав во оваа новогодишна детска песна. Испеана е од возрасни вокали, како хибрид, кој би овозможил уживање и на децата и на возрасните. Иако идејата брзо ја реализирав, напорно на останатите финеси работев три месеци и по безброј изведби на кауч е веќе хит во мојот дом“, вели Александар Петрески.


Музика, текст, аранжман, продукција и мастеринг – Александар Петрески
Бескрајна благодарност до:
Девојката со ангелски глас – Марија Цветановска.
Зад преубавите пејзажи низ Германија и декоративните кадри стои Оливер Петокски.
Зад охридската приказна и видео продукцијата стои Климент Симоноски.

Мојата желба и моето мото се „making history“. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и новогодишна енергија.
Ви посакувам среќна Нова Година и весели празници.


Слушнете, уживајте, споделете и бесплатно претплатете се на мојот канал.
Enjoy, like, comment, share and subscribe.

Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …