Парот, во иднина, планира својата врска да ја круниса со брак…
Занесната Георгина Родригез, свршеница на славниот фудбалер Кристијано Роналдо, открила како се запознала со славниот португалски фудбалер.
Георгина тврди дека тоа било љубов на прв поглед.
„Прво се сретнавме додека работев во ‘Гучи’ како асистент за продажба. Неколку дена подоцна, се сретнавме на настан од друг бренд и само тогаш можевме да разговараме во опуштена атмосфера, надвор од моето деловно опкружување. Тоа беше љубов на прв поглед и за обајцата“, открила Георгина.
Роналдо и убавата бринета во 2017 година ја добија ќерката Алана Мартина, а парот планира во иднина да ја круниса својата врска со брак.
„Ќе се венчаме еден ден. Го отворив срцето кон неа и таа го стори тоа за мене “, рекол во една пригода Роналдо.