Путин во проблеми, се огласил Кремљ:„Не знаевме дека претседателот бил заразен!“

Кремљ не знаел дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, е заразен со вирусот „Ковид 19“, изјавил портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков.
На прашањето на новинарите како се чувствува Владимир Путин, Песков одговорил: „Претседателот е здрав“.
Тој додал дека Путин продолжува да ја извршува редовната работа.
Да потсетиме дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска објави дека корона вирусот го прелешал „на нога“. Односно, тој дури и не знаел дека го има, бидејќи немал никакви симптоми.
Претседателите на Русија и Белорусија последен пат се сретнале на откривањето на споменик на советските војници на 30. јуни, а пред тоа на Парадата на победата во Москва.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Препознајте ги – Дали сте создадени еден за друг? Овие знаци покажуваат дали сте компатибилни со партнерот!

Компатибилноста е еден од темелите на секоја успешна врска. Тоа се однесува на компатибилноста на …