Овие парчиња морате да ги имате ако сакате да сте во тренд…
Инстаграм одамна стана место на кое, покрај модните писти, се диктираат трендови за претстојната сезона. Така е и оваа година. Без оглед на мерките на самоизолација – најпопуларните модни блогерки и инфлуенсерки на своите профили на Инстаграм веќе објавиле кои се неизоставните парчиња облека оваа пролет, доколку сакате да бидете „ин“.
Тоа се мини топови, одела со бермуди, елеци и уште по нешто…
Модната инфлуенсерка Марина Грешова го најавила враќањето на макси здолништето во пастелни бои кои изгледаат волшебно.