(ФОТО) ИМОТ ВО МАЈАМИ – Шакира ќе започне ново поглавје во вила вредна 16 милиони долари, погледнете ја внатрешноста

Шакира ќе започне ново животно поглавје во спектакуларна вила во Мајами, а имотот кој се проценува дека вреди 16 милиони долари се наоѓа во еден од најексклузивните делови на градот.
Колумбиската ѕвезда Шакира пред неколку дена ја напушти Барселона и замина во Мајами, каде ќе живее со синовите по раскинувањето со Жерар Пике. Пејачката ќе се всели во вилата која ја поседува од 2001 година, а на социјалните мрежи се споделуваат фотографии на кои се гледа нејзината внатрешност.

This image has an empty alt attribute; its file name is vila-na-sakira-vo-majami.jpg
Со текот на годините вредноста на куќата значително се зголемила. Пред 22. години ја чинела 3 милиони евра, а денес нејзината вредност се проценува на 16 милиони. Уметницата пред извесно време размислувала да ја продаде, но по раскинувањето со Жерар решила да се пресели таму.
Новиот дом на Шакира има спектакуларен поглед на океанот и приватна пристаниште. Двата ката од куќата се простираат на повеќе од 750 метриквадратни, а зградата се наоѓа во една од најексклузивните и најлуксузните области на Мајами.



Некои од нејзините соседи се познати личности како Џенифер Лопез, Рики Мартин или Иванка Трамп. Вилата има голем надворешен базен во градината, а вкупното земјиште зафаќа повеќе од 2.000 квадратни метри. Куќата е бела и има минималистички стил.
Вилата има шест спални соби, седум бањи и големи дневни соби. Едната е со ориентален украс, а другаљта има маса за билјард. Покрај тоа, има и приватна теретана во која доспева многу светлина.
Шпанските медиуми пренесуваат дека пејачката на овој имот ќе може да се одмори од медиумското внимание и „бурата“ околу нејзината разделба со Пике.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …