(ВИДЕО) Татко дозна дека син му малтретира соученик: Неговата реакција стана хит!

Татко стана вирален хит на TikTok откако објави видео од она што го направил кога дознал дека неговиот син малтретира и исмејува соученик. Решил да разговара со него и наместо да го натера да се извини, направил нешто подобро.

@thehalfdeaddad Replying to @sunshinyday1227 And then it’s my kid 🤦‍♂️😡 #endbullyingnow #talktoyourkidsmore #dadlifebestlife #singledadsover40 #teachyourchildren #ReadySetLift ♬ Get You The Moon – Kina


Во видеото кое стана вирално за многу кратко време, Петрик Форсет открил како добил информација од меилот на неговата учителка дека неговиот 9-годишен син Линколн се исмејува со момче од неговиот клас.
Наместо да го принуди да се извини, овој самохран татко дошол до малку поинаква идеја. Откако разговарале за тоа што се случило, тој му рекол на својот син да смисли како да ги исправи работите меѓу него и неговиот пријател.
„Не барав од него да се извини, но му објаснив дека има уште време да ја поправи грешката што ја направи. Не можеме да го вратиме времето назад, но секогаш можеме да се обидеме да ги поправиме работите“, објаснил тој во видеото кое има над 800.000 прегледи.
Неговиот син го направил токму тоа. На училиште разговарал со момчето што го повредил и го прашал што му се допаѓа, на што момчето одговорило дека најмногу му се допаѓаат Покемон картите. Линколн имал две златни Покемон картички кои потоа му ги дал. Неговиот гест му се допаднал на момчето, кое од среќа дури и го прегрнало. Како што објаснил таткото, секое инсистирање на неискрено извинување нема да ја подобри ситуацијата.
„Само искрен разговор дава резултати. Така ги учиме нашите деца како да решаваат проблем и да ги поправаат работите кога ќе погрешиме“, додал тато Петрик, чија идеја ги воодушевила коментаторите на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …