БИЛЕ СО НЕГО НА ОСКАРИТЕ – ПОВЕЌЕ ОД 10 ГОДИНИ Е САМОХРАН ТАТКО НА ТРИ СИНА: По разводот, кариерата ја ставил на страна заради децата, а ОВА МУ Е ГЛАВНО ПРАВИЛО

Брендан Фрејзер (54) неодамна доби Оскар за најдобар главен актер за улогата во филмот „The Whale“ („Кит“), а на емотивниот холивудски повратник на церемонијата му се придружиле и неговите горди синови.
Актерот има три сина од бракот со колешката Ефтон Смит (55). Тие се запознале во 1993 година на скара во куќата на актерката Винона Рајдер, а се венчале пет години подоцна.
Нивниот прв син, Грифин Артур, е роден во септември 2002 година, нивниот втор син, Холден Флечер, е роден во август 2004 година, додека нивниот најмлад син, Леланд Френсис, пристигнал во мај 2006 година. Фрејзер станал самохран татко кога неговиот брак со Ефтон се распаднал во 2007 година, а две години подоцна и официјално се развеле.

This image has an empty alt attribute; its file name is brendan-frejzer-1.jpg
Само една година откако се роди нивниот трет син, парот решил да се разведе и го продаде својот дом во Калифорнија. Во тоа време, публицистот на Брендан открил дека актерот и Смит заедно делеле блиско и грижливо пријателство. Разводот бил финализиран во 2009 година, а поранешната двојка продолжила да го дели старателството над своите синови.


Кариерата ја ставил на втор план поради децата
Во неодамнешното интервју со Дру Баримор, која исто така е самохран родител на две девојчиња, Фрејзер открил дека направил пауза од актерството бидејќи како родител само сакал да го прави најдоброто за своите деца. Тој смета дека секогаш треба да биде приоритет ставањето на децата на прво место.

This image has an empty alt attribute; its file name is brendan-frejzer-2.jpg
Ѕвездата на „Мумија“ споделил неколку мудри совети за самохраните родители. На прашањето на Дру како успеал да биде самохран татко на неговите три сина, Брендан ја нагласил важноста од одржување на добри односи со партнерот, дури и по развод или раскинување.


„Имајте одличен однос со вашиот партнер и на тој начин никогаш нема да ги ставите вашите деца на второ место“, изјавил актерот.

This image has an empty alt attribute; its file name is brendan-frejzer-3-690x1024.jpg
Баримор од прва рака знае колку предизвикувачки може да биде да ги ставите вашите деца на прво место додека се справувате со секојдневните барања на животот. Таа признала дека се бори да вклучи некого во својот живот покрај ќерките.
Фрејзер објаснил дека како што се наближува до 60 години, се чувствува како конечно да станал родител, делумно благодарение на обидите и грешките што ги доживеал низ годините. Тој верува дека грешките што ги правиме како родители на крајот ни помагаат да растеме и да станеме подобри родители.


This image has an empty alt attribute; its file name is brendan-frejzer-4-557x1024.jpg
Охрабрувачките совети на Брендан ги потсетуваат самохраните родители дека не се сами и дека нивната љубов и посветеност кон нивните деца можат да ги преживеат дури и во најтешките времиња.
Татковството влијае и на тоа како тој ги донесува одлуките
„Сега имам деца и тоа навистина влијае на тоа како носам одлуки, што ќе правам и како се чувствувам за она што го правам. Некогаш влоговите се креваат до таа точкашто нешто шѕто може да изгледа ‘нормално’ станува многу потешко“, открил тој во едно искрено интервју.
Тој, исто така, истакнал дека раѓањето на децата му дало нова перспектива во кариерата, истакнувајќи дека првиот дел од неа го поминал црпејќи инспирација од неговите ликови и сценарија. Сепак, татковството додало нов слој на автентичност на неговиот лик.

Фото: Социјални мрежи

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …