(ФОТО) Само два месеци по породувањето, Блејк Лајвли покажала завидна фигура

Блејк Лајвли важи за една од најубавите актерки во светот на Холивуд, а во серија фотографии во бикини неодамна ја покажа својата завидна фигура по четвртото пораѓање.
Како што пренесува „Дејли мејл“, таа ги објавила фотографиите на Инстаграм, а од нејзиниот профил можеме да видиме дека 35-годишната актерка изгледа како да не се ни породила.

View this post on Instagram

A post shared by Blake Lively (@blakelively)


Да потсетиме, како што објави „Дејли мејл“, Блејк Лајвли и актерот Рајан Рејнолдс се во брак неколку години, а круна на нивната љубов се трите ќерки – Џејмс, Инез и Бети, како и четвртото дете чие име и пол сè уште не се познати на пошироката јавност.
Ова шестчлено семејство е едно од омилените меѓу холивудскиот свет, а актерската двојка се труди да ја задржи приватноста што подалеку од фотографите.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Денес се сеќаваме на нашиот историчар на уметност и ликовен критичар Димче Коцо

Димче Коцо е роден во Охрид на 10 октомври 1910 година. Тој беше истакнат македонски …