Во 19 век, еден уметник го прогласил за најубаво село во Англија, а Бибури сè уште ги воодушевува сите што го посетуваат. Илјадници туристи доаѓаат во ова село секоја година
Бибури е село во Глостершир, Англија. Сместено е на реката Колн, притока на Темза. Но, она што го прави особено шармантно се камени куќи од 17. век со подигнати оџаци кои создаваат прекрасен контраст со природното зеленило и сивото англиско време.
Тоа е едно од најпосетуваните традиционални села во Англија за сите туристи кои сакаат да ја видат вистинската Велика Британија, стариот начин на градење, чајџилници и историски градби.
Бибури особено го обожаваат јапонските туристи, а некогашниот јапонски император Хирохито во една прилиак спиел во селото.
Ова живописно село, уметникот Вилијам Морис го нарекол најубаво село во Англија во 19. век, а Fox News и Huffington Post исто така го рангирале меѓу најубавите села во Европа.