(ФОТО) И’ физички најподготвените се немоќни пред корона вирусот: Исповед на спортист кои 25. дена бил во кома и ослабнал 27. килограми!

„Живеете размислувајќи дека короната е посилен грип и нема да го добиете“, вели Ахмад Ајад
Шокантни слики и исповед на американскиот атлетичар Ахмад Ајад (40), кој скоро 25. дена бил во кома поради симптомите на вирусот корона. Атлетичарот од Вашингтон бил толку заразен што лекарите во болницата „Џон Хопкинс“ морале да го стават во вештачка кома и на респиратор.
Ајад, кој бил физички подготвен затоа што професионално се занимавал со фитнес, бокс, атлетика, а исто така тренирал и кошарка, изгубил 27 килограми и за последица имал оштетувања на белиѕте дробови и срцето. Во почетокот на март отишол со братот на три дена на Флорида. неколку дена подоцна, на 11. март добил температура и почнал да губи на тежина. Следело кашлање, кивање, губење на апетит … По четири дена, тој започнал да дише со тешкотии, без сила да оди или да вози автомобил.
„Јас го добивам грипот секоја година и се излекувам од него за два или три дена и се чувствувам подобро. Ова не е грип. Луѓето треба да бидат внимателни. Живеете размислувајќи дека короната е посилен грип и дека нема да ја добиете“, рекол Ајад за „VMAR 2 News“, а тоа го објавија сите светски медиуми.
„Па, ми се случи. Во основа бев парализиран, не можев да се помрднам. Кога се разбудив од комата ги снема сите мои мускули“.


Кога излегол од болницата, Ајад морал да помине рехабилитација, која исто така се состоела од говорна терапија … Утешно е што два месеци подоцна се вратил на спортските активности и ја вратил физичката кондиција.
„Морав да одам на говорна терапија, затоа што не можев да зборувам. Ми требаше социјална терапија затоа што морав да научам да голтам повторно.Физикалната терапија беше неопходна за да ми го разбуди телото. Имав потешкотии со дишењето, бидејќи ми беа оштетени белите дробови, срцето ми беше исто така оштетено“, рече американскиот спортист.


                                                                          Ахмад некогаш и по напуштањето на болницата

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …