(ФОТО) Хуманитарен концерт:„Узун“ и Црвен крст за Момо!

На 17. февруари (недела) во салата на хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ ќе биде организиран хуманитарен концерт за лекување на македонскиот доајен на народната песна Момо Николовски…
На Николовски за лекување му се потребни 20. до 25. илјади евра и музичарите имаат желба да помогнат во собирањето на истите, а во програмата ќе учествуваат долгогодишните пријатели на Узун:„Уни бенд“ од Вачандово, Јасмина Гуњова, Кирил Узунов, Горан Симевски и Кристијан Демијански придружувани од маестро Бранко Коловски…Но, ова е покана и до другите колеги од македонската естрада…Програмата ќе ја води долгогодишната и верна пријателка Катерина Стојановска – Десковска…
Доколку некој сака да донира средства и помогне во лекувањето на Момо Николовски а не може да присуствува на концертот своите донации може да ги даде преку бровите:
ВИП – 143 462 и Т-Мобиле – 143 124
„Узун за Момо“ напишаа на фејсбук страницата продолжувачите на делото на Јанко Узунов и ги поканија сите добри луѓе на концертот:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …