(ФОТО) Раката на водителката Деа Ѓурѓевиќ е спасена: „Фала му на Господ што сум жива!“

После морничавата сообраќајна несреќа, рано утрово во Белград, во која што на Деа Ѓурѓевиќ – водителка на ТВ Пинк – и била откорната раката од лактот кон рамото, се огласил хирургот кој успеал да и ја спаси раката…
„Стануваше збор за потполно откорната рака, од лактот кон рамото…Покрај тоа што беше окторната, раката беше и изгорена. Сепак успеавме да ја сочуваме и зашиеме многу успешно“, рекол академик доктор Марко Бумбаширевиќ, славен неврохирург кој ја оперирал Деа Ѓурѓевиќ, и додал:


„Мртов уморен сум, крвав, испотен уште не стасав да се преслечам, но важно е нешто друго. Одлично ја зашивме раката. Секако, ќе мораме да ја следиме, но очекуваме дека ќе може сосема нормално да ја користи“.
Колку операцијата на Деа била тешка и компликувана хирургот објаснил сликовито, велејќи дека морале да направат 10. анастамози на крвните садови (природно или вештачки создадена врска помеѓу шупливите структури во организмот на човекот заб. на авт).


Инаку, откако се освестила водителката само кажала „Фала му на Господ, што сум жива“.
Деа Ѓурѓевиќ по сообраќајната несреќа во која и била откорната раката но и искршена бедрената коска, седнала на тротоар и мирно ја дочекала брзата помош. Како се увствувала и какви болки трпела додека без рака чекала помош си знае сама, но за среќа, се чини дека ќе може без проблеми да ја користи раката, иако ќе и биде потребо долго опоравување. Но, најважно е што е жива.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …