Еден паб во Ирска одлучил да им наплаќа на гостите за секое спомнување на коронавирусот и пандемијата.
Имено, на шанкот ставиле пластична чаша во која гостите секогаш кога ќе го спомнат зборот ковид треба во неа да стават две евра.
Кристофер Мур, менаџерот на „Алт Бар“, изјавил дека на овој начин досега се собрани 280 евра, а целиот приход ќе биде дониран во локалната болница во Донегал.
„Додека им служиме на гостите и стоиме на нивната маса, ги слушаме нивните разговори и знаеме за што зборуваат сите. За што и да почнеме да зборуваме, темата секогаш е приказната за вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборуваат за заеднички работи“, рекол Мур.
Тие исто така започнале кампања GoFundMe во барот.
„Се’ започна како забава и се претвори во одличен начин да се соберат средства за болните. Собираме пари за да му помогнеме на Донегал Хоспис и секоја донација ќе помогне“, напишале вработените во „Алт Бар“.
Мур изјавил дека гостите сега се обидуваат да ги „измамат“ своите пријатели, па тоа станало и’ игра и забава.
„Сега сите зборуваат за други работи, ако тоа им е во главата. Забележете дека луѓето повторно зборуваат за времето. Не боли да се смират час или два, а не само да се зборува за пандемијата“, додал тој.
Фото: Принтскрин/Facebook