(ФОТО) Неверојатни фотографии од 3Д куќа направена за само 12 часа


Изградбата на ваква куќа на класичен начин би траела најмалку еден месец, додека благодарение на 3Д печатачот е готова за само половина ден.
Сопственичката на куќата, Ејприл Спрингфилд, е подготвена да се пресели во нов топол дом во Вирџинија со својот тринаесетгодишен син.

Нејзината куќа е изградена со помош на хуманитарната организација Habitat for Humanity и во соработка со компанијата за 3D печатење Alquist.


This image has an empty alt attribute; its file name is 3d-kukja-1.jpg
Ејприл има и личен 3Д печатач кој ќе и овозможи повторно да печати сè што и треба – од приклучоци до кутии за врати.

This image has an empty alt attribute; its file name is 3d-kukja-2.jpg
Благодарение на бетонските темели, сметките за греење и ладење ќе бидат помали, а предност е подобрата заштита од торнада и урагани.


This image has an empty alt attribute; its file name is 3d-kukja-3.jpg
Веројатно мислевте дека Ејприл е богата жена, но таа всушност е работничка во локален хотел која досега не можела да си го дозволи имотот поради малите примања.

This image has an empty alt attribute; its file name is 3d-kukja-4.jpg
Но, ѝ било понудено да добие куќа со хипотека, така што сумата што ќе ја враќа нема да надминува 30 проценти во однос на нејзината плата.
Ова е прва 3Д печатена куќа на споменатата организација, а уште една ќе биде готова во февруари во Темпе, Аризона.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …