Сè што им треба на златниот ретривер Блу и неговата девојка е голема чинија шпагети со ќофтиња и келнер кој свири на хармоника.
Најдобрите кучешки љубовни приказни од „Дамата и Скитникот“ се појавија на TikTok. Во видеото од 10 секунди, родезиски ловец на лавови трча кон златен ретривер. Ги дели ограда, но се мирисаат низ неа, па во исто време застануваат на задните нозе и се бакнуваат.
@bleuu_bear doggy kisses #rhodesianridgeback #dogsofttiktok #bestfriend #girlfriend #girlfriendsoftiktok #boyfriend #boyfriendsoftiktok #goldenretriever #cute ♬ love – 🎥
Кучињата набрзо се разделуваат, чекајќи некој да ја отвори вратата и да ги пушти да си играат на истата страна од оградата. Видеото за само неколку дена собра милиони прегледи, а сцената разнежни многумина.
Фото: Принтскрин/TikTok