(ФОТО) Гурмански проички

Кој не сака нешто набрзина од стилот – истури и измешај. За секој ден, за појадок или вечера но и ненадејни гости…
Состојки:
2 јајца
2 чаши минерална вода
1/2 чаша масло
1 чаша брашно
1 чаша пченкарно брашно
1/2 чаша пченкарен гриз (палента)
1 кесичка прашок за печиво
2 лажички (рамни) сол
100 г. суво месо или шунка
100 г. кашкавал
2 кисели краставички
Подготовка: измтете ги јајцата, со маталка, додајте масло, минерална вода, измешајте, па полека вмешајте ги брашната измешани со печивото и солта.На крај вмешајте ги сечканите суво месо, крставички (убаво исцедени) и кашкавалот.
Истурете во калапи за мафини, убаво намачкани со путер или маргарин, печете на 180 степени, додека ивиците не почнат да се одвојуваат од страните на калапот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …