(ФОТО) Запечени тиквички со јајца и сирење: Никогаш поедноставен, побрз и повкусен оброк!

Кога немате време и немате идеја што да подготвите за ручек или вечера, овој рецепт е идеален
Состојки (количина за едно лице):
1 тиквички со средна големина
1 јајце
100 гр младо сирење со малку маснотии (или урда)
0,5 дл јогурт
2 лажички маслиново масло
лук
Подготовка:
Маринирајте ги тиквичките. Исечете ги на прстени, коцки или по желба.
Посипете со сув зачин, или само додајте сол и бибер по желба.
Додадете рендан лук, малку, само за вкус.


Измешајте сè добро и оставете да отстои околу 15. минути да се исцеди водата, а потоа исцедете да се ослободите од течноста.
Ставете хартија за печење во тава, и пизматете ги јајцата со јогурт и масло.
Истурете во калап, додадете ги маринираните тиквички и изронете го сирењето над нив.
Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени додека не се испече.
Можете да посипете со лажица пармезан пред печење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица

Воведение на Пресвета Богородица Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети …