Двејн “The Rock” Џонсон, познат актер и борач, неодамна се најде на врвот на списокот кога станува збор за најинтересни познати татковци. Со сите познати татковци кои се земени предви при рангирањето, Двејн ја надминал конкуренцијата.
Како што се наведува во образложението, сите оние што се на списокот се таму првенствено затоа што освен родителството, успешно се грижат и за своите деловни обврски, за партнерите, но и за нивниот физички изглед.
на самиот врв се нашол The Rock поради доминантниот изглед и убавата насмевка. Веднаш зад него, на второто место, се наоѓа неговиот колега актер Рајан Рејнолдс, додека добро познатиот кошаркар во НБА, Расел Вестбрук е на третото место.
Четвртото место беше резервирано за Кареи Харт, екстремен спортист, по што следат Ентони Андерсон, Крис Прат и Канје Вест. Набргу по објавувањето на оваа статија, The Rock се огласил и на Инстаграм, посочувајќи дека е голем предизвик да се биде татко на три ќерки.
„Бев многу нервозен и се исплашив првиот пат, но на крајот научив дека љубовта, емпатијата и хуморот секогаш ќе бидат некои од моите најсилни средства“, напишал тој.