Во градот Ривни, Украина, едно бебе се бори за живот, откако неговата мајка, наводно, го претепала и заминала на состанок со своето момче.
Едномесечниот Микита бил пронајден во лулка, полн со модринки, на работ меѓу животот и смртта, објави „Дејли меил“.
Момчето, наводно, живеело во хостел со својата мајка, која има 19. години. Соседите забележале дека неименуваната мајка си заминала и го оставила момчето, па отишле да видат дали сè е во ред со него. Тие нашле ужасна глетка.
Сведоците велат дека сосетката се онесвестила кога ја видела состојбата на бебето.
„Кога влеговме во собата, Микита беше во својата колевка. Десното око синот, носот му беше затнат со исушена крв и тој едвај можеше да дише. Почнавме да му ја менуваме облеката и видовме црни модринки низ целото тело. Една жена која беше во собата се онесвести кога го виде“, рекол сосетката Тетијана.
Бебето било пренесено во болница на интензивна нега, каде што лекарите се бореле за неговиот живот. Лекарите проценуваат дека тој има оштетен череп, но не може да го испитаат заради лошата состојба.
„Животот на момчето виси на конец. Сметаме дека неговиот череп е оштетен, но сега не можеме да го прегледаме. Никогаш не сум видел дете во ваква запуштена состојба. Мислам дека неговата мајка не му менувала облека или пелени. Неговата кожа е во ужасна состојба“, рекол еден доктор.
Кога нејзината мајка се вратила подоцна, ја привеле на сослушување.
„Мајката рече дека била под стрес бидејќи бебето цело време плачело. Го оставила бебето само дома и отишла кај момчето“, изјавил полицискиот службеник.
Мајката е обвинета за напад и занемарување на родителските одговорности. Таткото, кој има 27. години, не сака да знае за судбината на момчето.