НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Вечерва се менува часовникот поради зимското сметање на времето!

Вечерва почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот ноќеска ќе се вратат еден час наназад.

Зимското сметање почнува во 03 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ.
Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година.
Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …