(ФОТО) ГОЛЕМ УСПЕХ НА ЏИЈАН ЕМИН ВО ЛОНДОН: „Прв пат во постоењето на Ројал фестивал хол публиката стана на нозе да игра“

Синоќа во една од најпрестижните концертни сали во светот – „Ројал фестивал хол“, заедно со оркестарот „Сити оф Лондон симфонија“, Џијан Емин настапи како диригент заедно со реномираниот диџеј Дерик Меј, чија успешна соработка трае неколку години на меѓународните сцени.
По синоќешниот концерт во Лондон, Џијан Емин сподели фотографии и впечатоци од настапот на социјалните мрежи.
„Прв пат во историјата на Ројал фестивал хол публиката стана на нозе да игра. Покрај тоа имавме многу добар концерт“, напиша Емин.


На концертот беа изведени композиции на Меј и на Емин, за чија оркестрација се погрижи токму македонскиот истакнат уметник. Се работи за нов концепт, во кој се вклучени и неколку џез-музичари, за да се добие нов звучен израз, покрај електроакустичниот пристап кон симфонискиот оркестар.

Фото: Фејсбук


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …