Сè попристапната естетска медицина изгледа како најлесното решение за отстранување на знаците на старост. Голем број познати личности порано или подоцна подлегнаа на „шармот“ на ботоксот, филерите, но и на поинвазивните методи за да изгледаат помлади и потонирани.
Меѓутоа, некои од нив се покајале и решиле природно да стареат.
Сајмон Кауел
„Стигнав до фаза каде што почнав да претерувам. Видов фотографија од себе пред процедурите и не можев да се препознаам“, рекол музичкиот магнат, кој користел филери за лице за да ја дефинира брадата и да ги наполни образите. Тој признал дека користел и ботокс. По сите интервенции решил целосно да се откаже од естетската медицина.
Камерон Дијаз
„Се сеќавам дека се разбудив (денот по ботоксот) и се погледнав во огледало и не знаев која е личноста што ја гледам. Не сакав да бидам таа жена. Претпочитам моето лице да старее природно отколку да имам лице кое не ми припаѓа“, изјавила актерката која немала никаква друга интервенција по ботоксот.
Ана Фарис
Комичарката и актерка Ана Фарис со години е незадоволна од тенки усни. Рекла дека никогаш не претерувала, но зажалила затоа што нејзините усни никогаш не се вратиле во претходната состојба.
Џејми Ли Кертис
Ѕвездата на филмскиот серијал „Ноќта на вештерките“ признала дека луѓето често и велеле дека има „подуени очи“, па решила да направи операција на очните капаци и во меѓувреме пробала ботокс. На крајот, актерката се откажала од пластичната хирургија и естетската медицина.
Џејн Фонда
Актерската легенда Џејн Фонда признала дека не е горда на себе затоа што направила фејслифтинг. Рекла дека по операцијата лицето и било чудно и повеќе не личи на себе.
„Наместо операции, решив да спијам подобро, да јадам подобро и подобро да се грижам за себе“.
Бела Хадид
Манекенката признала дека го оперирала носот на 14 години. Хадид се чувствувала несигурна во тинејџерските денови, но ја научила лекцијата и сега сака нејзиното лице природно да се менува со текот на годините.