(ФОТО Галерија) Српска стилистка го освоила срцето на славната Деми Мур!

После три неуспешни бракови, глумицата Деми Мур, наводно, е во интимна врска со стилистката од Белград и заедно одгледуваат девојче.


Деми Мур (55) веќе две години е во љубовна врска со позната стилистка од Белград, тврдат американските таблоиди. Славната актерка неколкупати е видена во друштво на српската стилистка Маша Манџука (43), а според некои извори тие веќе делат ист покрив и заеднички се грижат за двегодишната ќерка на Маша.


Српските медиуми во август минатата година пишуваа дека холивудската актерка и Маша во друштво на уште неколку пријатели посетиле познат сплав во Белград и одлично се забавувале до доцна во ноќта. Оваа информација тогаш ја потврдил и еден од музичарите кои ги забавувале гостите.


После три неуспешни бракови, глумицата Деми Мур, наводно, е во интимна врска со стилистката од Белград и заедно одгледуваат девојче.
Наводно, врската почнала пред три години, но има фотогарфии на кои се Деми и Маша од 2014. година.

„Кога се сами тие две се многу интимни. Се држат за раце,а Деми е како втора мајка на ќерката на Маша“, наводно изјавил извор близок до Деми Мур.
Тие две се редовна мета на папараците кои забележале дека Деми во својот автомобил вградила детско седиште за двегодишната Руми, ќерката на Маша.

Споменатата стилистка на социјалните мрежи пишува дека е во отворена врска, а редовно говорела и за Деми. Така покрај фотографијата на ќерката и Деми напишала: „Среќен роденден на мојата кралица од нејзината малечка принцеза“.

Маша минатиот Божик го минала со Деми,и нејзините ќерки – Румер (30), Скоут (27) и Талула (24) од бившиот сопруг Брус Вилис.

Инаку,Маша Манџука е родена во Србија, но моментално живее во Њујорк каде завршила факултет.Работела како костимограф во шоуто „Топ модел“, но и на сетови на бројни филмови меѓу кои и со Оскар наградениот „Ла ла ленд“.
Маша Мадџука, според странските медиуми, покрај ќерката Руми имала и петгодишен син.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …