Се уште се трага по Викторија Настевска: Родителите до добрите граѓани имаат една молба!

Викторија Настевска (15) од село Суводол, демирхисарско исчезна пред шест дена, а нејзините родители бараат помош за да се пронајде.
Последен пат е видена во петокот во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.
Веќе шест дена се трага по 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, која е исчезната во петокот.
„Барем гласот да и го чуевме, но и тоа не можеме, бидејќи Вики дента намерно или не својот телефон го оставила дома. Беше одлична ученичка, секогаш на време си доѓаше по часовите дома, никогаш се немаше случено да задоцни, а колку што знам немаше ни дечко“, изјавил таткото на Викторија за „Вечерпрес“ и уште еднаш замолил за помош во потрагата.
Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на
078 425 497 или 075 410 664.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …