(ФОТО Галерија) БОГАТАШ МОРА ДА СЕ КАЧИ НА СКАЛИ ЗА ДА ЈА БАКНЕ ДЕВОЈКАТА: Таа е повисока од него 17 сантиметри, но тоа воопшто не му пречи

Џејсон Опенхајм изгледа ја изгубил главата за помлада и повисока манекенка со која е во врска само неколку месеци.
Брокерот за недвижнини Џејсон Опенхајм (45) не дозволува ништо да го поколеба во неговата нова љубов, па ни висината на неговата девојка Мари Лу Нурк, која е дури 17 сантиметри повисока од нејзиниот емотивен партнер.
Богатот е виден во Западен Холивуд како се качува по две скали за да може да ја бакне Мари Лу, додека таа трпеливо го чекала бакнежот.

This image has an empty alt attribute; its file name is bogatas-4-671x1024.jpg


Инаку, парот привлекува големо внимание токму поради нивната физичка дисхармонија, но тоа не го спречува Џејсон да ја покаже својата голема љубов.
Мари Лу и Џејсон почнале да се забавуваат летово, кога биле фотографирани заедно на одмор на Миконос и оттогаш се неразделни.
Богатиот брокер се забавувал со Кристин Квин неколку месеци пред Мари Лу, но раскинале затоа што Џејсон не сакал деца.
Но, сега Џејсон сака Мари Лу да го роди неговото дете, додека таа вели дека не планира мајчинство најмалку уште 10 години.

Извор и фото: kurir.rs


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …