(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Американските ѕвезди го поддржаа историскиот протест – „Марш за нашите животи“

На сцени ширум САД, на социјалните мрежи и во поворки, бројни познати лица им дадоа поддршка на учениците кои го организира историскиот протест „Од за нашите животи“, протестирајќи против огненото оружје…
Во Вашингтон настапиле Мајли Сајрус, Ариана Гранде, Деми Ловато, Комон и бројни други музичари за да оддадат почест на учениците кои настрадале во пукањето во Паркланд на Флорида, каде на 14. февруари оваа година 17. нивни соученици ги загубија животите.
Во поворката на протестите, организирани во сите поголеми американски
градови се нашле и бројни познати лица, додека најголем број се собрал во Вашингтон, а собирот се одржал под мотото „Никогаш повеќе!“.
На протестот во Вашингтон била и внуката на Мартин Лутер Кинг, деветгодишната Јоланда Рене Кинг, која и самата упатила силен повик против огненото оружје.
Инспирирајќи се со славниот говор на својот дедо, Јоланда Рене Кинг рекла:„Во сонот кој јас го сонувам, премногу е премногу.Во овој свет не би требало да има оружје. Пренесете ја пораката, слушате ли? Ширум цела земја. Ќе бидеме голема генерација“.
Џорџ и Амал Клуни неодамна во име на своите близнаци на организаторите на протестите им донирале половина милион долари, а и самите се придружиле на протестите во главниот американски град. Освен брачниот пар Клуни, по половин милион долари донирале и’ Опра Винфри и Стивен Спилберг.
Мајли Сајрус во Вашингтон ја извела „The Climb“ држејќи го написот на кој пишувало „Никогаш повеќе“, додека пејачката Џенифер Хадсон го затворила протестот изведувајќи ја песната на Боб Дилан „The Times They Are A-Changin“ во госпел верзија.Хадсон и самата ги загубила мајка и, братот и внукот во пукање во 2008. година, а заедно со учениците од школото „Stoneman Douglas“ гласно барала промени.
Легендарниот член на „Битлси“, Пол Макартни, се придружил на протестот во таа пригода и изјавил дека и самиот, поради огненото оружје, го загубил најдобриот пријател, Џон Ленон.
„Еден од моите најдобри пријатели е убиен од огнено оружје токму тука, во близина, поради тоа ми е многу важно денес да протестирам а веќе утре да се превземе нешто“, рекол Макартни.
Ленон е убиен во Њујорк, пред 37. години додека шетал со сопругата Јоко Око.
На протестот во Лос Ангелес комичарката и глумица Еми Шимер, голема
заговорничка на контрола на огненото оружје, ги преколнувала законодавците да ги заштитат децата од оружје.
„Луѓето како мене ги нарекуват холивудски либерали, како ние да имаме некоја корист од тоа“ рекла Шимер, нагласувајќи дека сите кои се залагаат за контрола на огненото оружје веднаш стануваат мети. Признала и’ дека поради тоа и’ самата загубила многу обожаватели, но и дека нема да престане да говори бидејќи нејзина работа е децата да ги сочуваат животите.
„Видете го ова политичари! Можете да зарботите помалку пари и да се погледнете во огледало без да видите дамки од крв на своите раце“ порачала Шимер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …