(ВИДЕО) „Црниот пантер“ станал филм за суперхерој со најголема заработувачка во историјата на САД

Филмот за Марвеловиот супер херој „Црниот пантер“ откако почна да се прикажува во февруари оваа година ги урива сите рекорди во кината ширум светот.
Најновото достигнување на ова остварување е тоа што станал најпродаван филм за суперхерој во Америка на сите времиња.
„Црниот пантер“, дело на режисерот Рајан Куглер, само на американскиот пазар заработил повеќе од 618. милиони долари, што било доволно да го престигне филмот „Осветници“ (Avengers) и да стане најголем суперхеројски филм во американската историја.
Како што пренесуваат американските медиуми, само седум филмови во историјата на САД успеале да остварат заработувачка поголема од 600. милиони долари.
„Црниот пантер“ од прикажувањето во останатите делови на светот заработил дополнителни 593. милиони долари. Филмот е прикажан во 4.084 кино сали.
Остварувањето на Куглер станал и прв филм кој, после „Аватар“ од 2009. година, успеал да се задржи пет недели на врвот на листата на филмови со најголема заработувачка.
Да потсетиме, оваа научнофантастична авантура за само четири дека прикажување станала најпродаван филм на сите времиња кој го режирал Афроамериканец.

„Црниот Пантер“ е исто така и високобуџетен филм во кој Афроамериканец, Чедвик Босман, глуми суперхерој. Освен него, во оваа авантура глумат и Мајкл Б. Џордан, Лупита Нјонго, Данај Гурира, Мартин Фриман, Даниел Калуја, Летиша Рајт и многу други.
Филмот го следи Т’Кала кој после смртта на својот татко, кралот на Ваканди, се враќа дома во затворената, технички напредна африканска држава, за да го преземе престолот и да стане нов крал.Меѓутоа, стариот противник, кој го глуми Џордан, му застанува на патот со низа напади во
мистичното кралство и на Земјата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …