(ВИДЕО) Филмска потера среде ЛА: Потрагата по македонската глумица во Холивуд се интензивира по самоубиството на нејзиното момче!

25.годишната Адеа исчезна на 23. февруари, кога последен пат била видена во блокот 1700 на Вилкокс авенија, недалеку од местото каде што живее…
Човек за кој се верува дека и’ е момче на Адеа Шабани во четвртокот вечерта се самоубил во полициска потера во Калифорнија, објавија неколку калифорниски медиуми, што ја интензивирало потрагата по моделот и актерка што исчезна во Лос Ангелес минатиот месец, објави People.
Според Fox-11 Los Angeles, полицијата го гонела човекот од Хесперија до Корона со неименуван сопатник, а потоа тој со пиштол се застрелал во главата и веднаш починал .
Тој е идентификуван како глумецот Кристофер Спотц (33) од Северен Холивуд, објави CBS Los Angeles.


Спотц управувал со украдена „Тојота такома“, за која властите веруваат дека била „веројатно употребена во убиство што се случило во округот Лос Ангелес“, рекол полициски службеник за Си-би-ес. Не се познати дополнителни детали за случајот.
EBC 4 Los Angeles , повикувајќи се на полициски извори, објави дека Спотц бил во врска со Шабани. Тие, исто така, објавија дека „се вратил во Јужна Калифорнија од Колорадо“, каде што бил со друга жена: неговата свршеница.
Пријателите на Шабани неколку дена по нејзиното исчезнување отишле во полициската станица во Лос Ангелес и рекле дека добиле анонимен телефонски повик. Јавувачот, наводно, видел како Спотц ја става Шабани во задниот дел на пикап-камионче. Изгледало дека е „дрогирана и во опасност“, тврдел јавувачот.
Полицаец од Лос Ангелес изјавил дека истрагата за Шабани се’ уште е во тек и дека нејзиното исчезнување се’ уште се испитува како случај на исчезната личност, а не како убиство.
Во почетокот на месецов семејството Шабани понуди награда од 25.000 долари за информации што би довеле до Шабани.
25.годишната Адеа исчезна на 23. февруари, кога последен пат била видена во блокот 1700 на Вилкокс авенија, недалеку од местото каде што живее.


25.годишната Адеа ја напуштила Македонија за да студира глума и во Лос Ангелес престојувала помалку од две години.
Полицијата Адеа ја опишала 25.годишната скопјанка, како белкиња со руса коса и сини очи. Висока е 165 сантиметри, а тешка шеесетина килограми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …