(ВИДЕО+ФОТО) Викендот Скопје беше во гласот на „Поточиња“:15. годишниот јубилеј на „Поточиња“ ги надмина очекувањата

На 24. и 25. март во Македонска опера и балет се одржа 15. годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“.

5.000 насмеани родители и деца ги посетија 6-те настапи на „Поточиња“ во саботата и неделата. Истите беа во 11.00 часот, 13.00 часот и 19.00 часот.


Поради јубилејот организаторот Пап подготви специјално издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Популарната детска маскота „Поки“ беше водител на овој долгоочекуван детски фестивал на кој воедно учествуваше и Сара Мејс со најновата песна која ја направија со „Поточиња“ со наслов „Гласот на децата“.


За музиката и аранжманот е одговорен реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова.


Организаторите изјавија благодарност за поддршката и интересот до сите кои го посетија фестивалот и затоа порачаа дека со нетрпение го очекуваат следниот фестивал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …