(ФОТО) Фотошоп бисер: Гламурозната италијанска министерка „го запалила“ интернет при свечената заклетва!

Познатите личности се често на напад на хакерите кои на виделина ги вадат нивните интимни фотографии. Но, италијанската министерка за уставни реформи станала мета на „фотошоп манијаци“ кои фотографиите од нејзината заклетва ги трансформирале во нешто невкусно…


Марија Елена Бочи е италијанска политичарка и адвокат која била министерка за уставни реформи во периодот од 2014. до 2016. година. Иако таа свечената заклетва ја потпишала пред околу 5. години, деновиве на социјалните мрежи, но и на дел од светските портали, се појави фотографија на која таа ја потпишува заклетвата, а додека го прави тоа, на виделина излегува дел од нејзината долна облека.


Сепак, станува збор за „едитирана“ фотографија, за што реагирала и самата Бочи, која што станала интернет хит додека да објасни дека не станува збор за реална фотографија.


Во прилог може да погледнете неколку фотографии од тоа како навистина изгледало нејзиното потпишување на свечената заклетва.

Извор и Фото: Daily mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …