(ФОТО) ЕМОЦИОНАЛНО – ЛУЃЕТО ПЛАЧАТ ПОРАДИ ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА НА БРУС ВИЛИС СО ВНУКАТА: Легендарниот актер се бори со ДЕМЕНЦИЈА, а зборовите на неговата ќерка разоруваат!

Ќерката на легендарниот холивудски актер Брус Вилис, Румер Вилис на социјалните мрежи покажа како го поминала Денот на татковците во негово друштво, а ја објавила и првата фотографија на која позира со неодамна родената внука.
34-годишната Румер споделила неколку слатки фотографии на Инстаграм од 68-годишниот Брус како ја држи внуката Луета, која сите ги трогнала.

„Да го видам татко ми како ја држи ќерка ми денес е нешто што ќе го ценам до крајот на мојот живот. Неговата сладост и љубов кон неа беа толку чисти и убави. Тато, јас сум многу среќна што те имам тебе, а исто така и Лу. Ти благодарам што си најзабавниот, најљубезниот, најкул татко што една девојка некогаш може да го побара. Најдобриот татко“, напишала таа во трогателната објава.



„Начинот на кој тој го гледа татко ти е бесценет“, „Убаво семејство“, „Ти праќам љубов“, „Толку многу емоции“, „Плачам на ова“, „Ова е преслатко“, „Колку многу љубов“, Те сакаме“, порачале во коментар нејзините следбеници.
Пензионираниот актер, кој се бори со фронтотемпорална деменција, го држи малото девојче во неговите раце додека другите членови на семејството се собираат околу него во чест на Денот на татковците.

This image has an empty alt attribute; its file name is brus-vilis-so-kerkite.jpg


Ќерката на Брус, Талула, неодамна се отвори за дијагнозата на нејзиниот татко и за тоа колку и било тешко да се справи со тоа на почетокот. Таа рекла дека кај него забележала некаква нејасна неодговорност, за која членовите на семејството претпоставувале дека е резултат на губење на слухот. Таа објаснила дека мислеле дека годините и годините на снимањето на Брус му го оштетиле слухот.
Кога состојбата на Брус се влошила, Талула била уништена и го примила тоа при срце, мислејќи дека тој едноставно продолжил со новото семејство, неговата нова сопруга Ема и нивните ќерки и дека повеќе не се грижи за неа.

This image has an empty alt attribute; its file name is brus-vilis-so-kerka.jpg

„Подоцна, тоа неодговорање се рашири, а понекогаш и јас го сфаќав лично. Тој имаше две ќерки со мојата маќеа, Ема Хеминг Вилис, и мислев дека изгуби интерес за мене“, напишала таа во емотивниот есеј за Vogue.
Брус има три ќерки со поранешната сопруга Деми Мур – Талула, Скаут и Румер и две ќерки со сегашната сопруга Ема – Мејбел и Евелин.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …